Голот на Косово во Скопје, најубав во баражите за ЕП (Видео)

Погодокот на Флорент Хадерѓонај за Косово на гостувањето кај Македонија е прогласен за најубав во баражите за ЕП. Голот на играчот на Хадерсфилд таун беше и по заслуга на недоразбирањето на Велковски и голманот Димитриевски, па тој успеа со лоб да ја затресе мрежата за 1-1 во тој момент од полуфиналето во Скопје.

На крај, Македонија победи со 2-1, па на нашите соседи ова им е само мала утеха. Кандидати за гол на колото беа и погодоците на Сигурдсон против Романија, на Милинковиќ-Савиќ против Норвешка и на Норман против Србија.

- Оглас -

Најнови вести