Голот што го прими Димитриевски од Меси донесе уште еден рекорд за Аргентинецот

Барселона со пресврт успеа да го победи Рајо Валјекано со 2:1 и се пласираше во четвртфиналето од Купот на Шпанија. На голот на Рајо беше македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, кој повеќе од еден час успешно ја чуваше мрежата на домаќините.

Сепак, во 69-тата минута Лионел Меси успеа да ја пробие домашната одбрана и да го матира Димитриевски израмнувајќи на 1:1. До крајот на средбата, Френки де Јонг погоди по вторпат за Барселона и не дозволи каталонскиот гигант да киксира кај второлигашот.

Погодокот што го даде Меси донесе уште еден рекорд за Аргентинецот. За Меси ова беше 76-ти погодок во Купот на Шпанија и сега е клупски рекордер според постигнати голови во ова натпреварување. Досегашниот рекорд беше на Јосеп Самитер, кој погодувал 75 пати во дресот на Барселона во Копа дел Реј.

 

- Оглас -

Најнови вести