Голот вреден 160 милиони фунти е за рубриката Верувале или не (Видео)

Фулам ќе игра во Премиер лигата следната сезона, откако во финалето од плеј-офот во Чемпионшип, со 2:1 го победи Брентфорд. Дуелот кој се играше на „Вембли“ беше решен дури во дополнителните 30 минути, откако по регуларните 90 минути немаше погодоци.

Џо Брајан е херојот на Фулам, постигнувајќи ги двата гола. Дефанзивецот на Фулам направи неверојатен потег, кога по еден слободен удар од околу 40 метри, реши да го изненади противничкиот голман и шутираше директно кон голот, иако речиси сите очекуваа да има центаршут. На изненадување на многумина, топката заврши во голот за водство на Фулам во 105 минута.

https://youtu.be/KBdmB4oGpl8

По тој примен погодок, Брентфорд тргна на се или ништо па тоа отвори простор за Фулам во нападот. По направените пресметки во Англија, екипата која што победи вечерва ќе може да заработи и до 260 милиони фунти (околу 300 милиони евра) во следните пет сезони, благодарение на тоа што ќе игра во Премиер лигата. Само од оваа победа, Фулам има сигурна зарботка од 160 милиони фунти.

Во 117 минута повторно дефанзивецот Брајант донесе нова радост за Фулам и водство од 2:0. Брентфорд во 124 минута намали на 2:1, но немаше шанса да стигне до израмнување и Фулам се радуваше на пласман во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести