Голот за израмнување си има цена: Настрада увото на Переира (видео)

Роберто Переира донесе израмнување на 1-1 за Удинезе на гостувањето кај Болоња, но за погодокот мораше да плати со повреда на увото.

Во моментот кога Аргентинецот брзаше да ја стигне топката и да ја смести во мрежата на домаќините, доби удар од противникот директно во увото. Медицинскиот тим веднаш мораше да интервенира и да го спречи крварењето.

Сепак, неговата жртва се покажа како залудна, бидејќи шест минути подоцна Болоња одново дојде во предност од 2-1.

Ситуацијата можете да ја видите ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести