Почетокот на новата седмица значеше и нови големи добивки за играчите на Sport Life, а за тоа се заслужни и голови во 94-тата и во 100-тата минута.
Во Гостивар и шест меча со уплата од само 100 денари беа доволни за одлична добивка од нето сума од 94.004 денари. Клучен беше голот на Кремонезе во 94-тата минута на гостувањето кај Аталанта, со што беа поставени конечните 2-1, а тоа беше доволно за да излезе комбинацијата „1-1 и 2-5“.
Квотите на добитниот тикет беа одлични – се движеа помеѓу 2.50 и 4.20.
Слично сценарио имаше и во скопско Марино, но таму за добивката се чекаше до 100-тата минута. Мечот помеѓу Порто и Спортинг Лисабон требаше да заврши „гол-гол“, а тоа се случи длабоко во судиското продолжение кога Луис Суарес погоди за израмнување на 1-1.
Во Марино беа одиграни десет натпревари, а во комбинација со влог од 300 денари – нето добивката изнесуваше 178.756 денари.



