Голови во Денизли, ПАОК нема право на кикс

Блекбурн – Виган (фудбал, Англија 2, 20.45 часот)

Виган е последнопланиран во популарната Шампионат лига, но има само два бода помалку од Лутон, кој е прв над линијата за испаѓање. Виган не знае за победа уште од 20 октомври. Од тогаш наваму има шест порази и четири нерешени. Кај Блекбурн ситуацијата е многу подобра. Роверси не загубиле од 9 ноември, но на четири од последните пет нивни меча паѓаа 0-2 гола. И според традицијата, тука двојката е исклучена.

Предлог тип: 1Х & 1-2 (2.62)

 

ПАОК – Атромитос (фудбал, Грција, 17.00 часот)

ПАОК води грчевита борба со Олимпијакос за титулата, а ако победи денеска, солунскиот тим ќе избие на чело на табелата. На претходните четири меча на ПАОК имаше 2-3 гола, а исто толку паѓаа и на последните два меча кои ги одигра Атромитос. Гостите имаат само еден пораз во последните пет кола, но тие на последните две гостивања на „Тумба“ губеа без даден гол, а ПАОК не смее да си дозволи кикс и да го остави Олимпијакос на првото место.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.81)

 

Денизлиспор – Аланијаспор (фудбал, Турција, 18.00 часот)

Кога игра Денизли, традицијата најавува дека двата тима ќе дадат гол. Во последните пет настапи на овој тим секогаш беше ГГ и 3+. Аланија ја поправи формата, претрпе само еден пораз во последните пет кола. И резултатите во меѓусебните дуели им се променливи. Ние типуваме дека двата тима ќе дадат гол, иако во последните четири соочувања на овие тимови, додуша тоа беше поодамна, барем едните остануваа на нула.

Предлог тип: ГГ (1.90)

 

Коњаспор – Трабзонспор (фудбал, Турција, 18.00 часот)

На домашните многу им се потребни бодовите бидејќи имаат само еден бод повеќе од Анталија, која е во зоната на испаѓање. Од друга страна, гостите уште може да се надеваат на освојување на титулата, иако во минатото коло киксираа против Денизли. Коња е тим кој во последниот месец игра неефикасни мечеви со не повеќе од два погодока. Трабзон ако победи, ќе дојде на пет бода од лидерот, но од 2010 не славел кај Коња.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.83)

 

Тофаш – Анадолу Ефес (кошарка, Турција, 18.00 часот)

Поради настапите во Евролигата, Ефес своите обврски во домашното првенство мора да ги игра и во понеделнците, а има шанса со победа да се врати на првото место, но нема да биде лесно. Тогаш игра добро и во Еврокупот, каде што го победи Локомотив Кубан. Тимот од Бурса има само три порази, но два беа во последните пет кола. Точно пред една година, Ефес победи во Бурса и прекина серија од три порази во дуелите со Тофаш.

Предлог тип: >165.50 (1.70)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

ПАОК – Атромитос Т1 1+I & T1 3+ (2.35)

Коњаспор 1922 – Трабзонспор 1+I&3+ (2.30)

Блекбурн – Виган Т1 1+I & T1 2+ (2.50)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести