Горан Пандев 40-тиот роденден го прослави во Струмица, емотивна честитка доби и од Интер (Фото+Видео)

Најдобриот и најтрофеен македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, денеска го прославува својот 40-ти роденден.

Предводникот на генерацијата која прва ја однесе репрезентацијата на Македонија на Европско првенство, пред неколку месеци ја заврши играчката кариера. Сега е фокусиран на работата во проектот на неговиот клуб Академија Пандев кој се ребрендираше во Брера Струмица.

Роденденска честитка Гоче доби и од Интер, клубот со којшто пред 12-13 години ги покори Италија, Европа и светот.

„Одлучувачки голови и незаборавни победи: Горан Пандев остави трага во многу големи триумфи во историјата на Интер. Созреа во младиот тим на Интер, а се врати во дресот на Нераѕурите во јануари 2010 со 69 настапи и 8 гола. Неговите настапи беа фундаментални во освојувањето шест трофеи, едно Скудето, два Купа на Италија, еден Суперкуп на Италија, едно Светско клупско првенство и Лигата на шампионите во 2010 година. Горан Пандев денеска го прославува 40-тиот роденден, од име на сите навивачи и од клубот му посакуваме сè најдобро“, порачаа од Интер.

Инаку, во чест на Пандев, кој е претседател на клубот Брера Струмица (поранешна Академија Пандев), денеска во Струмица беше приреден „Отворен фудбалски ден“, каде што тој се дружеше со младите.

- Оглас -

Најнови вести