Горан Пандев одлучи дека ќе ја продолжи кариерата!

Горан Пандев и следната сезона ќе го носи дресот на Џенова, потврдува познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.

„Горан Пандев одлучи да ја продолжи кариерата. Тој НЕМА да се пензионира и во наредните неколку дена ќе има состанок со челниците на Џенова за да потпише нов договор до јуни 2022 година“, стои во постот на Романо.

Пандев стави крај на репрезентативната кариера по завршување на Европското првенство, каде на трите меча против Австрија, Украина и Холандија ја носеше капитенската лента.

За Македонија играше на рекордни 122 меча, а тој е рекордер и по бројот на постигнати погодоци, вкупно 38.

- Оглас -

Најнови вести