Гореа мрежите во Сакраменто: Комбинирани 41 тројки за нов НБА рекорд (видео)

Голден стејт вориорс ноќеска го совлада тимот на Сакраменто кингс со 127:123 за 26-та овосезонска победа. „Воините“ и „кралевите“ приредија вистинско шоу во „Голден 1“ центарот во Сакраменто, поставувајќи нов НБА рекорд, двете екипи комбинираа вкупно 41 реализирани тројки.

Домаќините погодија дури 20 тројки од 36 обиди со 55.6% успешност во реализација, додека актуелниот шампион застана на 21 тројка, од вкупно 47 обиди.

Шоуто го започна Стеф Кари, кој погоди 10 тројки од 20 обиди, мечот го заврши со високи 42 поени, а од 29-те поени на Кевин Дурант, девет ги реализраше од линијата за три. Кај поразените, Бади Хилд беше најефикасен со 32 поени, а тој заврши со учинок од 8/13 за три поени, додека Џастин Џексон додаде 28 поени, реализирајќи 5/7 за три поени.

 

Резултати НБА:

Сакраменто кингс – Голден стејт вориорс 123:127

Детроит пистонс – Јута џез 105:110

Филаделфија севентисиксерс – Далас маверикс 106:100

Кливленд кавалирс – Њу Орлеанс пеликанс 98:133

Милвоки бакс – Торонто репторс 116:123

Сан Антонио спарс – Мемфис гризлис 108:88

Портланд трејлблејзерс – Хјустон рокитс 110:101

Денвер нагетс – Шарлот хорнетс 123:110

 

- Оглас -

Најнови вести