„Гореше“ стадионот на Црвена ѕвезда: Навивачите направија фешта пред патувањето на српскиот првак во Кипар (Видео)

Црвена ѕвезда отпатува во Кипар, каде што утревечер ги очекува дуелот против ерменскиот Арарат во плејофот за пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Дуелот кој првично требаше да се игра во Ереван, е преместен и ќе се игра на неутрален терен во Никозија поради војната која неодамна започна меѓу Ерменија и Азербејџан. 

На синоќешниот последен тренинг на Ѕвезда пред заминување во Никозија, најверните навивачи, популарните Делии, решија да ги изненадат своите миленици. Навивачите приредија невидена фешта.

Со огномет и факли низ целиот стадион спектакуларно ги испратија фудбалерите кон Никозија и, секако, им посакаа успех и пласман во групната фаза од второто по ранг натпреварување на УЕФА.

 

 

- Оглас -

Најнови вести