Нов предизвик во стар клуб за златното момче што даде еден од четирите гола за Македонија на историското ЕП во Полска

Потенцијалниот македонски репрезентативец, Никола Ѓорѓев повторно ќе игра за Арау и потпиша двегодишен договор со швајцарскиот второлигаш.

Ѓорѓев кој има пет настапи за А селекцијата на Македонија и е член на златната генерација македонски младинци со настапи на ЕП во Полска во 2017 година пред четири години играше за Арау и сега пак се враќа во истиот клуб.

„Добро го познаваме Никола, тој е одличен офанзивец со непредвидливи решенија во играта и може да го забрза ритамот на Арау. Целта ни е да влеземе во Првата лига и очекуваме Ѓорѓев да ни помогне да ги реализираме амбициите“, изјави спортскиот директор Сандро Бурки.

Ѓорѓев има 24 години и е роден во Цирих, Швајцарија, но игра за нашата репрезентација, а беше член и на младинската селекција до 21 година, која прва настапи на големо натпреварување.

На ЕП во Полска во 2017 година, Ѓорѓев беше стрелец на еден од четирите голови на Македонија и погоди во Бидгошч против Србија на меч што заврши 2:2.

Досега има играно за Грасхоперс, Арау, Твенте и Шафхаузен, а сега ќе се обиде повторно во Арау.

 

- Оглас -

Најнови вести