31.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Гостите џабе патуваа во Евролигата, четири од четири победи на домашните екипи

Максимален учинок од четири победи на исто толку натпревари забележаа домашните екипи во Евролигата, а најтесно и највозбудливо беше во Милано.

Италијанскиот тим во финишот го скрши отпорот на Макаби и славеше со 87:83. Мајк Џејмс со 19 поени беше најефикасен за нов триумф и зацврстување на Милано на шестата позиција, која води во разигрување за титулата.

Поубедливо славеа ЦСКА Москва против Гран Канарија со 107:85, Анадолу Ефес со триумф од 10 поени разлика, 75:65 против Олимпијакос и Барселона во шпанската пресметка против Баксонија со 77:67.

- Оглас -

Најнови вести