Гостите растурија во Евролигата, Грците не дозволија комплетен потоп на домашните екипи (Видео)

Гостинските екипи беа многу поуспешни од своите домаќини вечерва во петте меча од кошаркарската Евролига и славеа четири победи, па само Олимпијакос со триумф од 86:65 против Монако ја спаси честа на тимовите што играа на свој терен.

Вечерта во знакот на гостите ја најави со сензационална победа руски Зенит, а падна актуелниот европски првак Анадолу Ефес.

Турскиот тим не игра добро и го забележа шесттиот неуспех во осмото коло, а поразот од 79:90 можеше да биде многу повисок. Зенит во еден момент со 66:40, па потоа им дозволи на шампионите да намалат на минус 11 разлика.

Триумф прокнижи и Алба во Каунас против Жалгирис со 79:71, Макаби Тел Авив во Шпанија против Басконија со 87:69 и Реал Мадрид во Минхен против Баерн со 80:76.

 

- Оглас -

Најнови вести