6.8 C
Skopje
среда, 25 февруари 2026

Гостите се чудеа на атмосферата во „Јане Сандански“, останаа по мечот да ја гледаат фештата (Видео)

Вардар очекувано славеше против германскиот бундеслигаш Мелсунген со 37:33 во меч од главната групна фаза во Европската лига на ЕХФ. Гостите во Скопје не беа дојдени со најдобриот состав, но дадоа силен отпор до 15-тина минути пред крајот.

По завршување на мечот. вардаровите навивачи кои секогаш создаваат феноменална атмосфера, на својот традиционален начин ги поздравија ракометарите на Вардар. Фановите и играчите заедно го прославуваа новиот успех, а интересно е дека овојпат на теренот по завршување на средбата, останаа и дел од гостинските ракометари.

Додека се случуваше славеничката фешта по мечот, играчите на Мелсунген стоеја на паркетот и уживаа во атмосферата. Во Европа веќе со децении се знае дека во Македонија на ракометните терени се создаваат најдобрите навивачки атмосфери, па играчите на Мелсунген едноставно сакаа да почувствуваа дел од таа атмосфера и по завршување на средбата.

По оваа победа Вардар сега има четири бодови и е на второто место на табелата со добри шанси да се пласира во осминафиналето во второто по ранг натпреварување на ЕХФ.

 

- Оглас -

Најнови вести