Гостите се фаворити на сите мечеви во НБА-плејофот, одиграјте и на бројот на поени, асистенции и скокови на играчите

Тешка задача има пред домаќините во ноќешните мечеви во НБА-плејофот. Се играат три дуели во кои екипите кои играат на свој терен мора да победат ако сакаат да останат во „живот“.

Торонто губи со 2:3 од Филаделфија и гостите со победа ќе обезбедат место во следната фаза од плејофот. Интересно е дека Филаелфија водеше со 3:0 во оваа серија, но Рептилите не се предадоа, па дури успеаја убедливо да победат на гостински терен и намалија на 2:3, а сега се во ситуација да се изборат за мајсторка.

Феникс имаше историска сезона и со 64 победи во 82 меча беше убедливо најдобар тим по регуларниот дел, но сега Сонцата се мачат во дуелот со осмопласираниот Њу Орлеанс. Коефициентите во Sport Life велат дека е време фаворитот да одигра во свој стил и да стави крај на оваа серија од плејофот.

Лука Дончиќ е во мисија да го сопре „џезот“ во Јута. Далас има предност од 3:2 во победи, но Јута сигурно нема лесно да се предаде, па ова може да биде најдраматичен од трите ноќешни дуели.

Во понудата на Sport Life има одлична понуда и за учинокот дури на 24-ица кошаркари кои вечерва ќе играат. Може да одиграте на бројот на постигнати поени (се бројат и евентуалните продолженија).

Може да одиграте и на бројот на скокови кои ќе ги остварат, но има и одлична игра за вкупниот учинок на кошаркарот, односно збирот на поени, скокови и асистенции.

- Оглас -

Најнови вести