Гостиварец го слави Меите од Ридинг: Гол во 90+7 за 6.000 евра

Во Гостивар се случи топ добитниот тикет на викендот, а типувачот кој уплати во обложувалницата на Sport Life „Гостивар 5“, стана побогат за 6.000 евра откако погоди осум „кецови“ и една „двојка“ на тикет со вложени 140 денари.

Големата добивка е точно 373.367 денари, од кои 51.498 денари се бонус, а за тикетот да биде добитен се погрижи голгетерот на Ридинг, Јаку Меите. Тој го постигна победничкиот гол за Ридинг во мечот против Виган во седмата минута од судиското надополнување, па домашниот тим славеше со 3-2. Токму „кецот“ на Ридинг ја носеше најголемата квота на тикетот од 2.65.

Единствената „двојка“ ја одигра на Лидс, а соиграчите на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски со минимални 0-1 го совладаа Бристол.

ВО РАДОВИШ СЕ КОМБИНИРАА ТЕНИС И ФУДБАЛ

Стен Вавринка во петокот тргна успешно на Индијан Велс, но мораше доста да се намачи во дуелот против Даниел Еванс. Швајцарецот со пресврт од 2-1 (6-7, 6-3, 6-3) во сетови се пласира во следното коло, па типувач од Радовиш си доби 334.667 денари. Добитниот тикет доаѓа од уплатното место „Радовиш 2“, а со влог од 120 денари се исплати мешаната комбинација на тенис и фудбал. Од вкупната добивка, 130.605 денари се од бонусот кој го нуди Sport life.

Типувачот сигурно „грицкал нокти“ на мечот Мајнц – Б. Менхенгладбах, една од ретките „двојки“ на тикетот ја има и најголемата квота од 2.35, а минималните 0-1 до крајот го држеа во неизвесност.

КРАТКО И ЈАСНО – ТРИ МЕЧА ГГ3+ПП ЗА „СТОТКА“ ВО ЧАИР

Наш редовен типувач од Чаир без многу размислување стигна до 100.800 денари добивка. На тикетот уплатен во „Чаир 2“ вложи само 200 денари и мајсторски ги погоди трите натпревари. Системот ГГ3+ во прво полувреме се покажа како добитен, најголемата фатена квота е 9.

Од големиот избор натпревари во сите спортови, нормално, најмногу се типува на фудбалот, па овој типувач одбра три меча кои го израдуваа. Ги погоди средбите меѓу Австрија Виена и Алтах, каде што точно три гола се паднаа во прво полувреме (1-2). Истиот исход во првите 45 минути беше и на мечот во данската лига меѓу Брондби и Олборг (1-2), а три гола во првиот дел се постигнаа и во дуелот Бешикташ – Коњаспор (2-1).

Освен овие ливчиња на обложувачи кои имаа многу среќа, викендов беа уплатени и два тикети на кои буквално за еден гол, не беа добиени вкупно 10.000 евра. Тие тикети може да ги погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести