Гостиварци ги израдуваа фановите и претседателот Антиќ (Фото)

Гостивар го совлада Куманово со 81:78 во дербито на 13. коло во првата кошаркарска лига на Македонија. Средбата беше драматична, но повеќе нерви и среќа имаа гостиварци кои ги израдуваа претседателот Перо Антиќ и градоначалникот Арбен Таравари, кои мечот го гледаа заедно, во друштво со уште неколку членови на раководството на клубот.

На 6 минути до крајот, кумановци водеа со 68-57, но тогаш петтата лична грешка ја направи разиграниот крилен центар Ѓекиќ и тогаш почнаа проблемите за гостите. Гостиварци постепено почнаа да ја намалуваат разликата, а со тројката на новакот Ефианаи поведоа со 78-78. Думиќ со две слободни изедначи на 78-78, следуваа пенали за Костоски кој го врати Гостивар во водство од 80-78. Србинот Думиќ упати шут за три поени, кој беше сè или ништо, но не погоди и победата остана во „Младост“.

Сега четвртиот Гостивар има скор 8-4, а Куманово падна на 6-6.

- Оглас -

Најнови вести