6.8 C
Skopje
четврток, 29 јануари 2026

Готово е: Мато од Вардар потпиша за Хартс !

Веќе и официјално, Роџерс Мато повеќе не е играч на Вардар. Фудбалерот кој беше најдобар во есенскиот дел од тековната сезона во македонското првенство, потпиша за шкотскиот Хартс.

Овој трансфер на Мато беше најавуван неколку недели, а сега и официјално стигна потврда од шкотскиот тим. Мато е во Единбург, Шкотска, каде што денска ги поминал лекарските прегледи и го ставил потписот на договорот со екипата која е лидер во шкотското првенство.

Мато постигна 12 гола за Вардар во есенскиот дел, а потоа замина на Африканскиот куп на нациите, каде што настапи во дресот на Уганда, а постигна и еден гол. Сега, неговата кариера продолжува во Шкотска.

Хартс е лидер во првенството на Шкотска и има голема шанса да биде првиот тим кој ќе ја прекине неколкудецениската доминација на Ренџерс и Селтик. Овие две екипи во последните 41 година меѓу себе ги имаат поделено сите шампионски титули во домашното првенство.

Тренерот на Хартс, Дерек Мекинес, најави дека Мато може да биде во составот на Хартс за следниот меч против Данди јунајтед на гости, но мала е веројатноста да игра затоа што доскорешниот фудбалер на Вардар повеќе од еден месец е надвор од ритамот и нема вистински тренинзи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести