Најдобрата фудбалска лига на светот, Премиер лигата, потпиша нов, рекорден договор за пренесување на натпреварите.
Новиот договор е вреден 7,8 милијарди евра за следните четири години. Ова е најголем договор во историјата во Обединетото Кралство, а од претходниот договор Премиер лигата заработи 5,6 милијарди.
Рекордната сума ја платија „Скај спортс“ и „ТНТ“ за пренесување на 270 натпревари во живо во текот на една сезона.
„Скај спортс“ доби четири од петте пакети и ќе прикажува најмалку 215 натпревар во една сезона, и тоа во термините во сабота од 18 часот, неделните во 15 и во 17.30 часот, како и вечерните натпревари во понеделник и петок, и три меча во текот на работните денови. ТНТ ќе пренесува најмалку 52 натпревари во една сезона, вклучувајќи ги саботните дуели од 13.30 часот и два меча кои би се играле во работните денови.