Возбудувањата на Спортска прогноза продолжуваат со мечевите од 15-тото коло. Вкупно 13 најинтересни мечеви, плус два дуела кои се „резерва“ се дел од понудата за прогнозирање до 13:30 часот во сабота. Тој термин од 13:30 часот е закажан за големото дерби на Манчестер меѓу Јунајтед и Сити на „Олд Трафорд“.
Освен овој меч, има и други возбидливи пресметки од првенствата на Германија, Италија, Шпанија и Франција.
Како и во секое коло, така и сега, главен предизвик за сите прогнозери е да се обидат да стигнат до Среќна 13-ка, односно да ги погодат фиксовите на 13-те парови. Оној кој ќе успее да биде перфектен и да има 13 погодоци, ќе си добие мобилен телефон iPhone 16.
За 12 погодени натпревари следува вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, додека погодена 11-ка носи ваучер од 500 денари.
Затоа не чекајте и веднаш прогнозирајте, бесплатно е.


