Граѓаните експресно ја одбија „смешната“ понуда на Барселона за Бернардо Силва

Манчестер сити експресно ја одби понудата на Барселона за Бернардо Силва и Жоао Кансело. Според медиумите, управата на Граѓаните предводена од Чики Бегиристајн, експресно ја одбила понудата на Барселона за двајцата португалски репрезентативци, која ја смета за смешна и навредлива.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, вршеше притисок врз управата на Барселона, иако клубот се соочува со големи финансиски проблеми и сè уште не може да ги регистрира новите засилувања, да направи сè што може и да ги донесе Бернардо Силва и Жоао Кансело на „Камп Ноу“.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, дојде до идеја на која во Сити само му се насмеаја.

Тој бараше од Сити, да ги пушти Португалците на едногодишна позајмица и со задолжителен откуп на договорот на Силва следното лето. Наводно, Лапорта понудил за 60 милиони евра, идната година да го откупи договорот на Силва, но во Сити без размислување ја одбиле оваа идеја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести