Граѓаните ќе потрошат 300 милиони фунти за зголемување на капацитетот на „Етихад“

Манчестер сити планира да го зголеми капацитетот на стадионот „Етихад“ уште за 7.000 столчиња во инвестиција вредна околу 300 милиони фунти.

Управата на Граѓаните во градското собрание на Манчестер поднесе пријава за проширување на капацитетот на стадионот од 53.400 на 60.000 седишта и по завршување на реконструкцијата, „Етихад“ би бил четвртиот најголем стадион во Премиер лигата по „Олд тТафорд“ (74.310), новиот „Вајт харт лејн“ во Лондон (62.850) и „Емирати“ (60.701).

Според доставените планови во градското собрание, Граѓаните планираат да го зголемат капацитетот на северната трибина и, меѓу другото, да отворат клупска продавница, музеј, кафуле и хотел со капацитет од 400 соби.

Во клубот проценуваат дека реновирањето може да трае до три години и инвестицијата ќе изнесува повеќе од 300 милиони фунти, па може да се отворат и 2.600 работни места.

„Етихад“ е еден од 10-те стадиони во кандидатурата која Обединетото Кралство и Ирска ја доставија во УЕФА за организација на Европското првенство во 2028 година.

Манчестер сити би се борел за опстанок ако се гледа посетеноста на стадионите во Англија!

 

 

- Оглас -

Најнови вести