Европскиот и англиски шампион Манчестер сити, се соочува со неколку заминувања на клучни играчи, а замената за еден од нив ја пронајде во Барселона.
Кајл Вокер се наоѓа пред потпис со Баерн Минхен, Илкај Гундоган веќе потпиша за Барселона, Бернардо Силва има понуди од три тима, додека Ријад Марез наскоро ќе се пресели во Саудиска Арабија, а управата на Сити веднаш започна потрага по замена токму за Марез.
Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, и порача на управата да тргне по потписот со Бразилецот Рафиња од Барселона. Шпанскиот тим сè уште има проблеми со финансискиот фер-плеј, до крајот на предниот рок (31 август) мора да продаде играчи за барем 60 милиони евра и не би имал ништо против продажбата на Рафиња.
Бразилецот на „Камп ноу“ пристигна минатото лето за нешто помалку од 60 милиони евра, одигра 50 натпревари и постигна 12 гола и имаше 12 асистенции.
Манчестер сити нема проблем да плати 60 до 70 милиони евра колку што се очекува Барселона да бара за Рафиња.