12.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Гранит Џака не верува дека Косово може да направи чудо против Швајцарија

Еден од најдобрите и најискусни швајцарски фудбалери, Гранит Џака, кој има потекло од Косово, изјави дека не верува дека Косово може да ја симне Швајцарија од првото место во групата и директно да се пласира на Светското првенство.

На Косоварите им треба победа над Швајцарија дури од 6-0. Ако не успеат, ќе играат баражи, ќе бидат во третиот шешир, каде што би требало да биде и Албанија, а можеби и Македонија, па нема да има соседски дербија, барем не во полуфиналето.

„Сме виделе многу работи во фудбалот. Но, не сакаме така да влеземе во историјата. Ако загубиме 0-6, тогаш вината е наша. Не верувам дека може да загубиме од Косово со 0-6 во Приштина. Најверојатно ова ќе биде моето последно Светско првенство, како и за некои други играчи. Важно е да ги поттикнам помладите играчи со моето искуство“, рече Џака.

- Оглас -

Најнови вести