Гратис Дани – најтрофејниот е и „најефтин“ фудбалер на светот

Преминот на 36-годишниот Дани Алвес во Сао Пауло е најнов во низата бесплатни трансфери кои овој десен бек ги има направено во кариерата. Верувале или не, само еднаш било платено обештетување за Алвес, и тоа кога Барселона во 2008 година ѝ плати 35 милиони на Севилја.

За фудбалер кој има 41 титули во кариерата, повеќе од било кој друг колега, и една и пол деценија е меѓу најдобрите на неговата позиција, навистина овој податок дека речиси сите трансфери му се гратис, е неверојатен.

Севилја за скромна сума од 500.000 евра го донесе Алвес во Европа. Потоа андалузијците со кои освои пет трофеи, го продадоа за 35 милиони во Барса. Од Барселона во која освои 23 пехари, во Јувентус замина како слободен играч, исто како и од Јуве во ПСЖ. Со Јуве имаше две, а со ПСЖ седум трофеи. Сега и Сао Пауло по истата формула дочека да го ангажира Дани. Со националниот тим, Алвес има четири пехари.

- Оглас -

Најнови вести