Гражулис ја уништи Италија, Летонија ќе игра за петтото место на СП

Кошаркарската репрезентација на Летонија ја совлада Италија со 87:82 и ќе игра во мечот за петтото место на Светското првенство кое се одржува во Јапонија, Индонезија и Летонија.

Противник на Летонците ќе им биде подобриот од дуелот меѓу Словенија и Литванија.
Летонците во последната четвртина имаа и 12 поени предност (74:62), но на 40 секунди до крајот, Аѕурите се вратија во игра. Италија дојде до минус два (84:82), но во следниот напад, по тајмаутот, Летонците ги решија дилемите околу победникот со тројката на Андрејс Гражулис.

Токму Гражулис со 28 постигнати поени беше најефикасен на натпреварот, а притоа ги погоди трите шута за тројка, додека за два шутираше со 90 отсто успешност (9/10).
Аигарс Шкеле постигна 12, а Артурс Жагарс 10 поени. Во редовите на Италија, Луиџи Датоме беше најефикасен со 20 поени, додека по 11 дадоа Николо Мели и Стефано Тонут.

- Оглас -

Најнови вести