Грбот на Тотенхем исчезна од дресот на Џонсон на дуелот со Њукасл (Фото)

Тотенхем вчера го декласира Њукасл со 4:1 и ја прекина серијата од пет натпревари без победа во Премиер лигата, а во центарот на вниманието на англиските медиуми се најде Бренан Џонсон поради еден детаљ на неговиот дрес.

Имено, со дресот на Џонсон сè беше во ред на стартот од мечот, но во текот на натпреварот исчезна грбот на Тотенхем.

Англиските медиуми објавија дека грбот на тимот се одлепил од дресот и паднал. Според медиумите, причина за тоа е што грбот на Тотенхем се лепи наместо да се зашива на дресот.

- Оглас -

Најнови вести