Екипата на Олимпијакос имаше многу среќа во синоќешниот дуел на гости кај Генк, откако со гол во 96-тата минута Црвено-белите се спасија од пораз, а со тоа и обезбедија место во плејофот за пласман во Лигата на Европа. Младиот Сотирис Александропулос, кој влезе како резерва, погоди во 96-тата минута за 1:1 и токму тој погодок го одведе Олимпијакос во плјеофот за пласман во групната фаза од Лигата на Европа.
https://twitter.com/i/status/1692266532145967549
Следен ривал на Олимпијакос е српскиот Чукарички. Тоа е тимот кој заврши на третото место во првенството на Србија, а реши европските мечеви да ги игра на стадионот во Лесковац, на југот од земјата.
Првиот меч се игра на 24 август во Атина, а реваншот, односно спектаклот кој се најавува во Лесковац, ќе биде на 31 овој месец. Стадионот „Дубочица“ во Лесковац се наоѓа само на 150-тина километри од Скопје, што значи дека во блиското соседство за помалку од две недели ќе има вистинско шоу.