Гредата ни е сојузник, Македонија ја држи Полска на нула

Македонија го преживеа првиот напаѓачки бран на Полска во дуелот кој се игра во Варшава. На Националниот стадион засега нема голови, а нашите репрезентативци одолеаја на сите закани на домаќините.

Најголемата шанса за погодок ја имаше Зјелински во 17-тата минута, но неговиот удар заврши во гредата, која се покажа како наш сојузник. Јасно беше дека Полјаците ќе доминираат во поседот на топка, но засега тоа не им носи резултатска предност, а на нашата селекција ѝ преостанува да ја задржи улогата на тврд орев и во вториот дел, па со малку среќа да се обидеме да му наштетиме на Шчезни.

Голманот на Јувентус  немаше многу работа, освен што го заузда ударот на Алиоски од слободен удар од околу 30 метри.

 

- Оглас -

Најнови вести