Јувентус со автогол и погодок од пенал триумфираше 2-0 и го елиминира Удинезе во Купот на Италија, а гледачите, особено фановите на Јуве, беа шокирани кога на Џонатан Давид му беше поништен гол поради офсајд.
Од ВАР-собата покажаа слика со која се докажува офсајдот на Давид, но линијата беше исцртана кај играч кој беше во срцето на 16-никот, а не кај друг, кој беше подолу и на многумина им делуваше дека Давид е во дозволена ситуација.

Сепак, на социјалните мрежи има и слика од друга перспектива, се гледа дека аголот може да лаже. Давид секако бил во офајд, дури и пред спорниот играч, но проблемот беше што во ТВ-преносот покажаа фотографија на Давид во однос на тој во средината.


