Грилиш ги изненади сите, го прослави роденденот без алкохол

Фудбалерот на Манчестер сити, Џек Грилиш, денес го прослави својот 28-ми роденден, но не на начин на којшто сите очекуваа. Фудбалерот стана хит на социјалните мрежи откако долго беше во алкохолизирана состојба по титулата на Граѓаните во Лигата на шампионите.

Овојпат тој се одлучи заедно со своето семејство да го слави роденденот на село, во објект кој го изнајмил за 20.000 фунти и да нема „пијанки“.

„Џек доаѓа од големо семејство и навистина сака да троши пари на нив и да им покаже љубов. Горд е на сѐ што направи и одлучи на овој начин да го прослави роденденот. Работи напорно и одлучи да си ја разбистри главата, да го однесе семејството на село и да ужива со нив“, вели инсајдер од забавата за британскиот „Сан“.

- Оглас -

Најнови вести