Фудбалерите на Челси денеска го доживеаја осмиот пораз сезонава во Премиер лигата, но тоа не е единствена лоша вест за навивачите и за менаџерот Маурисио Покетино поради што навивачите на Сините на социјалните мрежи коментираат дека Гринч им го украл Божиќ.
https://twitter.com/AlamuDavid007/status/1738936865841946893
Во денешниот пораз од 2:1 од Вулверхамптон, Кол Палмер и Рахим Стерлинг добија жолти картони и бидејќи тоа се нивни петти, ќе мора да го пропуштат следниот меч на Челси против Кристал палас.
Суспензијата на двајцата фудбалери кои имаат одиграно највеќе минути сезонава за Сините, би можело да значи дека Кристофер Нкунку против Кристал палас би можел да заигра од првата минута.
Нкунку денеска влезе од клупата и го постигна единствениот гол за Челси, а беше реализатор за својот тим во пенал рулетот и победата над Њукасл во Лига купот.