Со цел подигнување на свесноста за превентивни прегледи и превенција од кардиоваскуларни болести, „Аџибадем Систина“ воведе кардиолошки пакет со превентивни прегледи и анализи, со кој се утврдува ризикот за постоење и развој на кардиоваскуларна болест.
Во пакетот се вклучени најважните прегледи и лабораторски анализи за детална проценка на состојбата на вашето срце: кардиолошки преглед со ЕКГ, ехо на срце, крвна слика, испитување маснотии и гликоза во крв, како и простата специфичен антиген (PSA).
Превентивните прегледите се изведуваат на Одделот за кардиологија. Резултатите се интерпретираат од специјалист по кардиологија, кој согласно здравствената состојба, одредува план за понатамошно следење и евентуален потребен третман.
*За да ги реализирате прегледите, задолжително закажете го својот термин на телефонскиот број 02 3099 500.