Гризман со гол од корнер му донесе победа на Атлетико против Бетис (Видео)

Атлетико Мадрид со 2-1 победи на гостувањето кај Бетис, а јунак на Јорганџиите беше Французинот Антоан Гризман кој ги даде два гола за гостите, од кои едниот од корнер.

Пред Гризман, на стадионот на Бетис, претходниот гол од корнер го постигна Хрватот Роберт Јарни во 1998 година. Гризман стана шести играч во историјата на Атлетико со 100 лигашки голови во дресот на овој клуб од Мадрид.

Фекир од слободен удар го даде голот за Бетис, а во финишот домашните ја погодија пречката и немаа среќа да освојат бод.

Ова е голот на Гризман:

- Оглас -

Најнови вести