Гриезман уште долго време нема да добие шанса да шутне пенал (Видео)

Франција минимално со 1:0 славеше на гостувањето кај Шведска, благодарение на голот на Килијан Мбапе во првото полувреме. Тој погодок беше доволен за Галските петли да слават на тешкото гостување, во првото коло од Лигата на нации.

Триумфот на актуелниот светски првак можеше да биде поуверлив, но Антоан Гриезман промаши пенал. Напаѓачот на Барселона ја превзема одговорноста да шутира од белата точка во 94 минута. Немаше многу неизвесност и се знаеше дека Франција ќе победи затоа што тоа беа последните секунди од мечот, па токму затоа и се очекуваше Гриезман лесно да реализира.

Сепак, наместо во гол, топката заврши високо на трибините, затоа што ударот на Гриезман беше очаен. Веднаш по утнатиот пенал, судијата отсвири крај, но останува фактот дека Гриезман изведе очаен удар од белата точка и тешко дека во блиска иднина тој ќе биде опција за изведување од 11 метри за Галските петли.

https://streamable.com/vyzij4

 

- Оглас -

Најнови вести