Најтажниот датум во хрватската спортска историја, 33 години од загинувањето на Дражен Петровиќ

Трагичната смрт на Дражен Петровиќ на 7-ми јуни 1993 године на автопат во Германија, е веројатно најтажниот ден во историјата на хрватскиот спорт, а по Дражен тагуваа сите љубители на кошарката од целиот свет.

Неговиот живот заврши во сон, на совозачкото место во Голфот кој го возеше неговата девојка Клара. Замина од овој свет на само 28 години, во најдобрите години за еден спортист.

Хрватска загуби еден од своите најголеми херои, најомилени синови, човек кој беше инспирација за милиони, а хрватска кошарка псоле тоа веќе никогаш не беше иста.

Дражен освои многу трофеи, медали, победи, поени. Само што се етаблираше во НБА каде во тоа време не се дозволуваше европски играч да биде главен во тимот, беше прекината кариера која влегуваше во својот зенит.

Кошаркарски Моцарт е прекарот кој му го даде италијански новинар додека Петровиќ доминираше во Европа во дресот на Цибона, потоа и на Реал Мадрид.

Доби скулптури, споменици, доказ дека беше многу повише од само врвен кошаркар, кој неговиот народ го претворио во мит.

- Оглас -

Најнови вести