И Реал Мадрид влегува во трката по потписот на Бернардо Силва

После Барселона и Атлетико Мадрид, и третиот шпански гигант Реал Мадрид, се вклучи во борба за потписот на слободниот агент Бернардо Силва.

Потенцијалниот нов тренер на Кралскиот клуб, Жозе Мурињо, кој ќе стане тренер ако денеска Флорентино Перез победи на претседателските избори, го сака сонародникот Бернардо во својот состав.

Агентот на Бернардо Силва, Жорже Мендеш, беше во војна со Флорентино Перез, но сега двете страни го стопија мразот.

Барселона се смета за фаворит за доведување на 31-годишниот португалски играч за врска кој може да игра и како десно крило, а летово го напушти Манчестер сити, па Бернардо ќе има убав избор на располагање.

- Оглас -

Најнови вести