Грција со втор тим ја победи Србија која во последното квалификациско коло ќе вади виза за Мундобаскетот

Селекцијата на Србија пропушти шанса во претпоследното коло од квалификациите да обезбеди пласман на Светското првенство, откако во Атина загуби од Грција со 97:92 и тоа по продолжението од пет минути.

Интересно е што во репрезентацијата на Грција немаше ниту еден кошаркар кој играше на Европското првенство што се одржа во септември минатата година.
Херој на Грција беше Никос Рогкавопулос, кој постигна 28 поени, вклучувајќи и три тројки во продолжението.

Благодарение на Рогкавопулос, Грција двата пати дојде до четири поени предност во продолжението, а се беше решено на 6,7 секунди до крајот кога по тројката на Давидовац за 93:92, на Јарамаз му беше доседен неспортски прекршок по што Мораитис и Рогкавопулос реализираа четири слободни фрлања.

Србија ќе има уште една шанса да обезбеди пласман на СП што треба да се игра во Јапониа, Индонезија и Филипини, в понеделник кога во Белград, во последното коло игра против Англија.

Пласман на Мундобаскетот од групата И досега обезбедија Грција и Летонија.

- Оглас -

Најнови вести