Македонската спортска јавност е подготвена за европско финале во Скопје. Алкалоид в недела од 20:30 часот ќе го игра реваншот против АЕК Атина во финалето од ЕХФ Европскиот куп. Македонскиот тим победи на првиот меч во Атина со 29:25 и има голема шанса да стигне до европскиот пехар.
Огромен е интересот кај навивачите кои сакаат да бидат во салата „Борис Трајковски“ и во живо да го бодрат Алкалоид до историскиот успех. Од Алкалоид информираа дека веќе нема билети и дека сè е распродадено.
Тоа значи дека повеќе од 7.000 навивачи се очекува да му дадат поддршка на Алкалод во првото големо европско ракометно финале во Скопје по пауза од 20 години.