Грците се спасија од елиминација на СП, Шпанија максимална во групната фаза

Кошаркарската репрезентација на Грција обезбеди пласман во следната фаза на Светското првенство откако во последниот меч од групата Ц го совлада Нов Зеланд со 83:74.

Ова беше дуел за второто место на табелата, првото е резервирано за САД и Грците иако не играат во најсилниот состав, успеаја да слават.

Нов Зеланд подобро го започна натпреварот и во втората четвртина дојде до плус 15 (43:28). Но, Грците не се предадоа и на стартот од последната четвртина направија пресврт благодарение на тројките на Јоанис Папапетру и на Ларенцакис.
Грците во последната четвртина беа толку добри, што на три минути до крајот дојдоа со плус 12.

Папапетру беше најпрецизен со 25 поени, Ларенцакис даде 20, од кои 15 постигна во последната четвртина. Грција и САД во втората рунда ќе играат во група со Црна Гора и Литванија.

Во групата Г, Шпанија ја оствари и третата победа, денеска Фуријата го совлада Иран со 85:65. Шпанија како првопласирана и Бразил како втор во групата Г, во втората рунда ќе играат во група со Канада и Летонија, кои беа најдобри во групата Х.

- Оглас -

Најнови вести