34.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Грузија ја „оддува“ Шпанија, Израел лесно се справи со Исланд

Репрезентацијата на Грузија приреди изненадување на стартот од Европското првенство, откако со 83:69 славеше над фаворизираната Шпанија. Во првото полувреме се водеше неизвесна борба и Грузија водеше само со два поени (37:35).

Во второто полувреме Грузијците заиграа многу подобро, Шпанците едноставно не можеа да погодат ниту од чисти позиции, па на крајот се случи изненадување и победа на Грузија со двоцифрена предност. Мамукелашвили најдобар со 19 поени и седум скока, а го следеше Битадзе со 15 поени.

Во вториот меч од денешната попладневна програма немаше изненадување, Израел славеше над Исланд со 83:71.

 

- Оглас -

Најнови вести