Убедливите победи над Гибралтар, Бугарија и Македонија, предизвикаа фудбалска еуфорија во Грузија. Доказ за тоа е што за претстојниот утрешен меч од Лигата на нации помеѓу Грузија и Бугарија, веќе нема билети, и на „Динамо Арена“ во Тбилиси ќе има дури 54.000 навивачи.
Ентузијазмот меѓу фановите во Грузија е огромен, на Бугарите им следува пекол, а веројатно и на нашите кога ќе гостуваат во Тбилиси во следниот циклус.
Грузија има пет бода повеќе од Македонија, седум пред Бугарија, и веруваат дека ќе финишираат како први и ќе обезбедат бараж за Евро 2024.