Губиме цело прво полувреме, Црна Гора се покажува како тврд орев

Македонската ракометна репрезентација лошо го отвори наѕпреварот со Црна Гора, и постојано има негатива во натпреварот кој требаше да биде „најлесен“ во првата фаза на Европското првенство.

Црногорците по првите 30 минути водат со 17-16, јасно е дека потфрли одбраната, и кога елемент ќе се подобри, за Македонија работите ќе бидат многу подобри.

Македонија првиот гол го даде во петта минута, за да намали на 1-4. Првите три гола за нашата селекција беа дело на Мартин Серафимов. Лазаров побара тајм-аут после 13,17 минути игра, при резултат 3-8. Црна Гора водеше цело време, но Жолто-црвените поддржани од публиката, имаат добра шанса за пресврт во вториот дел.

Мартин Велковски со 4 гола е најефикасен во нашата репрезентација, го следат Цветан Кузманоски и Мартин Серафимов со по три.

- Оглас -

Најнови вести