Гуедеш дава само евроголови, ама Валенсија не знае да победи (Видео)

Валенсија не успеа да ја прекине серијата од три меча без победа и иако беше блиску до комплетен успех против Гранада, освои само бод со реми 2:2.

Гонкало Гуедеш постигна нов еврогол за популарните Лилјаци, со кој гостите од Валенсија водеа со 2:1 до 86. минута, но не издржаа.

Феде со погодок од слободен удар израмни на 2:2 и ја остави Валенсија во незгодна ситуација со само еден освоен бод од можни 12 на последните четири меча.

Гранада поведе со гол од пенал во 61. минута, но потоа се случи комплетен пресврт за само пет минути. Ману Валјехо го постигна дебитантскиот гол за Валенсија во 63. минута, а Гуедеш со вистинска бомба само 300 секунди подоцна направи комплетен пресврт.

https://twitter.com/SeanGillen9/status/1279531007289458688?s=20

За да има нов драматичен меч меѓу Гранада и Валенсија се погрижи Феде со израмнувачки гол во 86. минута.

Гранада на 4. февруари годинава со голот на Роберто Солдадо во четвртата минута од судиското продолжение ја елиминира Валенсија во четвртфиналето на шпанскиот куп, а и вечерва со гол во самиот финиш не им дозволи на гостите да ги освојат бодовите.

- Оглас -

Најнови вести