Гулит: Кога гостувавме во Неапол, се плашевме дека може да ни стават отров во јадењето

Четвртфиналето од Лигата на шампионите помеѓу Наполи и Милан е потсетување на старото ривалство од втората половина на 80-тите и самиот почеток на 90-тите години на минатиот век, кога овие два тима водеа големи битки за титулата во Италија.

Холанѓанецот Руд Гулит, кој во тоа време беше еден од главните играчи на Милан, во документарен филм раскажа интересна приказна за нивното гостување во Неапол во мај 1988 година.

„Добро се сеќавам бидејќи во Неапол заминавме поделени во два приватни авиона, а не знаевме зошто. Кога стигнавме во хотелот, беше хаос, ние бевме на највисокиот кат, а луѓе од долу ни се дереа, додека ноќе навивачи не ни даваа да спиеме. Имаше и екстра обезбедување, никој не смееше да ја допре нашата храна. Се плашевме дека може да ни стават нешто отровно во јадењето. Нашиот готвач Микеле си ја работеше работата со обезбедување околу него и нашите чинии“, раскажа Гулит.

Во денешно време не е така, Росонерите по пристигнувањето можеа мирно да вечераат без да се плашат од труење.

- Оглас -

Најнови вести