Гундоган е непријатно изненаден од фудбалската некултура во Шпанија

Германскиот репрезентативец Илкај Гундоган пристигна во Барселона летово и си го оствари сонот од детството да игра за клубот за којшто навива. Престојот го започна со нерешено против Хетафе и победа над Кадис, но од една работа е непријатно изненаден.

Тој се чуди како противничките фудбалери кога играат против Барселона, повеќе мислат како да им ги удираат нозете, отколку да играат фудбал. Постојано се задржува времето, се лежи на теренот и се симулира, но и на секоја судиска одлука се протиестира кон судиите. Гундоган пред Манчестер сити, играше за Борусија Дортмунд и според него, вакви работи немало ниту во Премиер лигата, ниту во Бундеслигата.

Гундоган досега има одиграно само два натпревари за Барселона во Ла Лига, па сè уште му тече периодот на аклиматизација и веројатно ќе се навикне дека сите екипи играат така против Каталонците“.

 

- Оглас -

Најнови вести