Гундоган едвај чека да заигра заедно со младата ѕвезда на Барселона

Засилувањето на Барселона од европскиот шампион Манчестер сити, Илкај Гундоган, е импресиониран од младата ѕвезда на шпанскиот тим, Педри. Барселона минатата недела ги започна подготовките за новата сезона од која се очекува Гундоган да биде еден од лидерите на тимот.

„Добро ги знам најголем дел од играчите, но има еден со кој едвај чекам да заиграм заедно со него, тоа е Педри.Тој е се уште млад, но во исто време и неверојатен и има голем потенција. Играме на слични позиции и најверојатно поголем дел од мечевите ќе играме заедно еден покрај друг. Едвај чекам да се случи такво нешто“, изјави Гундоган за „Мундо Депортиво“.

https://twitter.com/barcacentre/status/1683539461651480585?s=20

Германецот исто така е импресиониран и од Френки де Јонг, а направи споредба и помеѓу неговиот поранешен и сегашен тренер, Хосеп Гвардиола и Чави Ернандес.

„Се гледа дека потекнуваат од иста фудбалска школа, на Барселона. Исто така видливо е и влијанието кое Пеп го има врз Чави. И двајцата ја негуваат школата на Барселона, да се има посед на топката, да не се загуби топката, да се игра интелигентно и да се бара слободен простор. Мислам дека лесно ќе се адаптирам на стилот на игра кој го форсира Чави“, вели Гундоган.

- Оглас -

Најнови вести