Гундоган знае што му треба на Сити за ново финале во ЛШ: Да го сопреме Лука, тој е волшебник со топка

Илкај Гундоган го знае рецептот за ново финале на Манчестер сити во Лигата на шампионите, а според германскиот репрезентативец основна задача ќе биде да се сопре Лука Модриќ.

„Лука е волшебник со топка. Асистенцијата за Родриго во минатото коло во Лигата на шампионите се уште ми се врти во главата. Како успеа да го стори тоа? Ме остави без текст кога го видов неговиот потег. Искремо се радував кога ја освои Златната топка. Конечно некој што игра на иста позиција како и јас, во средниот ред успеа да победи. Сега ќе бидеме ривали и се надевам дека ќе успееме да го сопреме и него и Тони Крос, но ис останатите ѕвезди на Реал. Не смееме да дозволиме да патуваме на реваншот на Сантијаго Бернабеу со негативен резултат. Знаеме што може да се случи таму. Реал покажа дека е моќен во Мадрид и за секунда може да направи пресврт“, вели Гундоган.

Првиот натпревар од полуфиналниот двомеч меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид ќе се игра утре на „Етихад“ од 21 часот, а реваншот е на 4. мај во Мадрид.

Реал е рекордер со 13 европски титули, а Манчестер сити нема ниту еден пехар во ЛШ и одигра само едно финале што го загуби од Челзи со 1:0, лани на „Драгао“ во Порто.

 

- Оглас -

Најнови вести