20.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Гурбанов: „Во Баку мора да бидеме подобри, не смееме да дозволиме неизвесност“

Карабах со гол од пенал и тоа по асистенција на ВАР во раната фаза од мечот дојде до минимална победа од 0-1 над Шкендија во првиот меч од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Тренерот на азербејџанците е задоволен од резултатот, но вели дека во Баку мора да одиграат многу подобро и да не дозволат неизвесност.

„Честитки за моите играчи – покажаа карактер и борбеност до последниот свиреж. Во вакви натпревари најважно е да се остане цврст и сконцентриран до крај. Секако, направивме неколку грешки, но резултатот беше клучен, и тој е на наша страна. Голем респект за Шкендија. Покажаа квалитет и против ФЦСБ, а и вечерва ни ја отежнаа задачата. Очекувавме тежок меч и точно тоа го добивме. Во Баку мора да бидеме уште подобри – не смееме да дозволиме неизвесност до самиот крај.“ – рече тренерот на Карабах, Гурбан Гурбанов.

- Оглас -

Најнови вести