Ѓуриќ: Во Вардар има европски услови, против Брера ќе атакуваме на трите бода

Во новата сезона треба да гледаме нов Вардар. Дефанзивецот Дејан Ѓуриќ кој одигра на ниво во минатата полусезона, вели дека условите за работа кај Црвените-црните се многу подобрени.
”Овие услуви што ги нуди Вардар ги нема во ниту една екипа во македонскиот фудбал. Навистина европски услови, и база, и терен и опрема и се што нуди овој клуб е навистина на високо ниво”, задоволно коментира Ѓуриќ.

Вардар во првото коло ќе гостува во Струмицс против Брера и тоа на стадионот “Младост”, каде пред неколку месеци, најтрофејниот клуб славеше над Детонит во бараж мечот за опстанок. Сега амбициите на вардарци се многу поголеми од тоа да се обезбеди опстанок.

“Мислам дека сме спремни за првиот натпревар од новата сезона. Се надевам дека ќе донесеме три бода во Скопје. Минатата сезона игравме меч за опстанок во Првата лига и навивачите ни беа 12-ти играч, како и на секој натпревар. Очекувам да дојдат во што поголем број и со нивна помош да победиме и да се радуваме“, вели српскиот фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести